Ренова ја продолжи соработката со Гафури, Садики и Абдула

Ренова и официјално објави дека за новата натпреварувачка сезона ги продолжи договорите со досегашните стандардни првотимци, капитенот Арѓен Гафури, фудбалерот од средниот ред Бурим Садики и дефанзивецот Џелил Абдула.

И тројцата ја продолжија соработката со Ренова на уште една година.

Како што е познато, од Ренова претходно информираа дека е ангажиран и Колумбиецот со македонски пасош, Александер Борха, кој доаѓа од редовите на Кит Го, а не е продолжена соработката со Ален Јашаровски.

Се вчитува...