Ренова по пеналите се избори за место во Првата македонска фудбалска лига и следната сезона, откако славеше со 3-2 по ударите од белата точка против второлигашот Охрид. А, охриѓани беа многу блиски до Првата лига откако водеа се до 89. минута на стадионот на тренинг центарот „Петар Милошевски“. А, грешката на охридскиот голман им подари 2-2 во регуларниот дел на „гипсарите“ кои потоа преку пеналите го спасија прволигашкиот спас.
Повеќе од урнебесен беше првиот гол на охриѓани кои во 4. минута поведоа со 1-0 со голот од повеќе од половина терен на Љупче Трпески по грешката на противничкиот голман Велии.
На полувремето беше 1-1 откако Ренова израмни во 18. минута со голот на Шефит Шефити, а тимот на Драган Бочевски поведе со 2-1 со голот на Митев во 50. минута.
Во 89. минута Шефит Шефити со својот втор гол донесе израмнување на 2-2 по големата грешка на голманот на Охрид.
По пеналите, Ренова славеше со 3-2 откако два удари од белата точка не реализираа охриѓани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА