Ренова се засили и со Шефит Шефити (ФОТО)

Засилувајќи го играчкиот кадар во битката за опстанок сезонава, Ренова официјално го промовираше најновото име во своите редови – поранешниот фудбалер на Шкендија, Шефит Шефити.

22-годишниот Шефити, кој игра на левокрилната напаѓачка позиција, се договори за соработка со тимот од Џепчиште до крајот на сезоната.

Шефити изминативе три години беше дел од Шкендија, од каде сега се сели меѓу „гипсарите“.

Се вчитува...