Ренова се засили со дефанзивецот Медин Бајрами од Беласица

Ренова ги заокружи засилувањата за новата сезона што се однесува до одбраната, со ангажманот на централниот дефанзивец од редовите на Беласица, Медин Бајрами.

„Гипсарите“ и официјално го промовираа 23-годишниот Бајрами како свој нов фудбалер, кој доаѓа од Беласица каде настапуваше изминатата сезона.

Бајрами кој фудбалски потекнува од школата на словенечки Марибор, во својата кариера претходно има настапи и за Марибор, Кршко и Драва Птуј во Словенија.

Се вчитува...