Ренова – Силекс, „мегдан“ за бегство од дното

Ренова и Силекс со денешниот натпревар од 13 часот во Тетово го отвораат 28. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Директна пресметка меѓу клубовите кои се обидуваат да ги избегнат позициите за бараж за опстанок во елитното друштво. Повеќе од значаен натпревар и за двата клуба, иако факт е дека Ренова е во понезавидна позиција, посебно по ремито со Вардар.

Силекс, пак, игра во добро форма последниот период. Желбата е да се освојат сега бодови, по оној пораз од Пелистер во Битола во претходното коло.

ПРВА ЛИГА – 28. коло (денеска, 13 ч.)

Тетово: РЕНОВА – СИЛЕКС

УТРЕ (13 ч.)

Струга: СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР

Скопје: РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Велес: БОРЕЦ – ШКУПИ

Струмица: БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА

Струмица: АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР

 

Се вчитува...