Ренова убедливо триумфираше на тестот со Борец

Фудбалерите на Ренова запишаа нова победа за време на летниот подготвителен период, триумфирајќи и против велешки Борец.

По претходната победа од 2-1 против косовски Гњилане, „гипсарите“ денеска славеа со убедливи 4-1 на пријателскиот дуел и против Борец.

Ремзифаик Селмани беше стрелец на два погодоци, а по еден постигнаа Арџент Гафури и Изет Ајрулаху во победата на Ренова.

Се вчитува...