Репеша: Ова во Белград е линч, нема врска со спорт…

Будуќност претрпе уште еден катастрофален пораз од Црвена звезда во финалето од АБА, но Јасмин Репеша по мечот покрај честитките на адреса на противникот, ја искористи и можноста за жестоко да ги нападне навивачите на „црвено-белите“.

„Не сакам да ја намалам победата на Црвена звезда, која е апсолутно заслужена. Сепак, морам да се осврнам на она што се случуваше во салата, тоа не беше никаква атмосфера, тоа беше класичен линч. Требаше да ви го донесам оделото за да видете на што личи, колку е исплукано, сега ќе морам да го фрлам во контејнер. Во овие 57 години колку што сум во кошарката сум минал се и сешто, но ова денеска не беше нормално. Во најмала рака би рекол дека треба да се разгледува од психијатриски аспект, не гледам потреба од такво примитивно однесување во мечот кој немаше никаква провокација на теренот, ниту од наша страна ниту од играчите на Црвена звезда“ – истакна Репеша.

Будуќност се наоѓа во негатива од 0-2 по првите две средби од финалната серија, а третиот меч е закажан за среда во Погорица со почеток во 19 часот.

Се вчитува...