Репеша си поднесе оставка во Будуќност

Хрватскиот стратег Јасмин Репеша поднесе оставка од тренерската функција во Будуќност, по поразот во финалната серија во АБА лигата од Црвена звезда. Хрватот по враќањето во Подгорица заминал на состанок со раководните лица во тимот, на кој им го соопштил заминувањето од црногорскиот великан.

Серијата која донесе многу инциденти, заврши со победа на тимот од Белград во „мајсторката“ која поради проблеми на трибините почна еден час подоцна. Репеша беше незадоволен од организацијата на натпреварите во салата „Александар Николиќ“, а по вториот натпревар во Белград обвини дека бил исвиркуван и плукан од страна на навивачите на „црвено-белите“.

Оставката на хрватскиот стратег денеска била прифатена од страна на највисокото раководство на Будуќност, а за нов тренер е именуван неговиот досегашен асистент, Ѓорѓе Аџиќ, кој и лани беше дел од стручниот штаб на Александар Џикиќ.

Се вчитува...