Репрезентативец на БиХ е ново засилување на Њукасл (ВИДЕО)

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Амар Дедиќ, е најновото засилување за премиерлигашот Њукасл Јунајтед. Десниот бек го комплетираше својот трансфер токму на денот на својот 24. роденден, пристигнувајќи на „Сент Џејмс парк“ од редовите на португалскиот гигант Бенфика.

Босанско-херцеговскиот дефанзивец потпиша долгорочен договор со „страчките“ кој ќе ја осигура неговата иднина во клубот до летото 2031 година. Дедиќ во својот нов тим ќе го носи дресот со број 37, а ова за него ќе биде прв предизвик во англиската елита.

Се вчитува...