Репрезентативец на Франција го продал златниот медал од СП во Русија

Неименуван француски фудбалер го продал златниот медал освоен на Светското првенство во Русија за 71.875 долари како дел од продажба извршена преку аукциска куќа од Лос Анџелес.

Сопственикот на аукциската куќа изјави дека добиле 10 понуди за медалот, од кои највисока била таа од купувач од Велика Британија. За потсетување во финалето во Москва, Франција ја совлада Хрватска со 4-2.

Покрај златниот медал од 2018 година, на аукцијата се нашле уште два златни медали кои припаѓаат на фудбалери на Бразил. Едниот е од Светското првенство 2002 во Кореја и Јапонија, а вториот е од Мундијалот во САД во 1994 година.

Се вчитува...