Репрезентативците слетаа во Приштина, пречекани од легендарниот Кипре (ФОТО)

Македонските репрезентативци по историскиот пласман на ЕП, некаде околу 03 часот по полноќ со чартер летот на “Кроација ерлајнс” од Тбилиси слетаа на аеродромот во Приштина.

Поради магла на скопскиот аеродром летот беше пренасочен во Приштина. По следувањето македонската експедиција од Грузија веднаш се упати кон Скопје.

Но, и во главниот град на Косово македонските херои повторно беа пречекани од еден од најзагреаните поддржувачи на македонската репрезентација, легендарниот Кипре кој подготви и мали подароци за фудбалерите. Кипре беше и единствениот кој на заминување ги испрати од скопскиот аеродром.

Се вчитува...