Репрезентативците во традиционално карате викендов на Балкански шампионат во Белград

Македонската репрезентација во традиционално карате претстојниот викенд, од 12 до 14 мај во Белград, Србија, ќе земе учество на Балканскиот карате шампионат за сениори, јуниори, кадети и деца.

Како што информираат од МТКФ, боите на Македонија на овој шампионат ќе ги бранат следните репрезентативци: Бојан Богдановиќ, Берта Милевска, Јана Милевска, Антонија Белазелкоска, Мила Младеновска, Иван Трпковски, Катарина Дробниќ, Димитри Влахо, Јелена Дробниќ и Ведран Андоновски.

Од македонската експедиција се очекуваат добри настапи и освоени медали на овој Балкански шампионат.

Се вчитува...