Репрезентацијата до 18 години на тренинг камп во Нов Дојран

Репрезентацијата до 18 години (фудбалери родени 2002 година) во периодот од 14. до 20. јуни ќе има тренинг камп во Дојран. Во рамки на тренинг кампот стручниот штаб на чело со селекторот Шкумбин Арслани има предвидено тренинзи и контролни натпревари кои ќе се одржат на тренинг центарот на СЦ Истатов во Нов Дојран.

Двата контролни натпревари ќе се одиграат против фудбалерите родени 2000-2001 на ФК Академија Пандев, и тоа на 16. јуни и на 19. јуни со почеток од 17 часот.

„Целта на собирот е во текот на оваа недела низ тренинзи и натпревари што е можно подобро да се воигра оваа генерација. Има нови репрезентативци кои ќе добијат шанса на кампот, и искрено се надевам дека ќе ја искористат. Воедно, овој камп ќе биде и финална подготовка за силниот меѓународен турнир на кој ќе играме во месец август во Чешка. Се надевам дека ќе имаме успешна недела и дека сите репрезентативци ќе го дадат својот максимум и ќе работат одговорно“ – изјави селекторот Шкумбин Арслани.

Селекторот Арслани за овој тренинг камп ги повика следните фудбалери:

Голмани
Марко Алчевски  (Ф.К.Академија Пандев)

Иван Николовски  (Ф.К.Победа)

Христијан Китановски (Ф.К.Вардар)

Одбрана
Али Асани (Ф.К.Вардар)

Виктор Крстески (Ф.К.Вардар)

Бенјамин Далипи (Ф.К.Хрватски Драговољац)

Филип Костовски (Ф.К.Њу Старс)

Алтрим Јакупи (Ф.К.Шкендија)

Александар Ѓурковски (Ф.К.Вардар)

Спасе Терзиев (Ф.К.Академија Пандев)

Анатолиј Петејчук (Ф.К.Вардар)

Среден Ред
Димитар Тодоровски (Ф.К.Работнички)

Лука Станковски (Ф.К.Работнички)

Иван Николов (Ф.К.Академија Пандев)

Ерен Парталко (Ф.К.Академија Пандев)

Леонид Игњатов (Ф.К.Вардар)

Хамза Рамани (Ф.К.Шкупи)

Лавдрим Латифи (Ф.К.БОЛДКЛУБЕН 1893)

Андрија Живиќ (Ф.К.Раднички Ниш)

Арменд Адеми (Ф.К.Работнички)

Напад
Фитон Адеми (Ф.К.Шкендија)

Марио Илиевски (Ф.К.Септември Софија)

Јасин Муше (Ф.К.Шкупи)

Данаил Тасев (Г.Ф.К.Тиквеш)

Се вчитува...