Репрезентацијата до 19 години на тестови со Тиквеш и со Шкендија

Македонската репрезентација до 19 години на 12. и 15. август на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе одигра два контролни натпревари против ФК Тиквеш и ФК Шкендија. Селекцијата предводена од Шкумбин Арслани ќе одработи петдневни подготовки, вклучувајќи ги и двата тест натпревари, а овие активности се прва подготовка за октомвриските квалификации на репрезентацијата до 19 години за турнирот во Чешка за пласман во Елитна фаза квалификации за Европско првенство.

„Нашиот план е да реализираме тренинг камп од 10. до 15. август на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Со оглед на тоа дека мина релативно долго време од нашиот последен собир, сметам дека е позитивно и самото тоа што повторно ќе бидеме заедно и ќе се фокусираме на фудбалските обврски. Соочени со пандемијата, во изминатиот период пропуштивме голем број меѓународни натпревари, кои секако ќе беа од голема корист за оваа селекција, но ова е нова можност и се надевам дека се ќе помине во најдобар ред. Тренинзите и натпреварите ќе бидат од корист за сите, а ние ќе добиеме подобар увид во формата на фудбалерите. Повик добиваат 23 фудбалери, сметаме дека ги повикуваме најдобрите во моментот, надополнети со двајца нови повикани репрезентативци. Временската рамка е кратка за оваа селекција, затоа што веќе во октомври не очекуваат квалификации во Чешка, така што секој што е повикан и добива шанса, очекуваме да дадат се од себе и максимално да одговорат на зададените задачи“ – изјави селекторот на репрезентацијата Шкумбин Арслани.

Селекторот Шкумбин Арслани за подготовките во Скопје нема да смета на Марио Илиевски од бугарски 11-ти Септември и Кристијан Тасевски од Аугзбург кои имаат клупски обврски, а поради повреда од тимот ќе отсуствуваат Али Асани од Вардар и Бесфорт Арифи од холандски МВВ Мастрихт.

Голмани: Кристијан Китаноски (Брегалница), Кире Новаков (Триглав Крањ, Словенија), Марко Алчевски (Академија Пандев);

Одбрана: Албин Саити (Х. Драговољац, Хрватска), Филип Костовски (Силекс), Бенјамин Далипи (Х. Драговољац, Хрватска), Спасе Терзиев (Академија Пандев), Имран Фетаи (Шкендија), Виктор Крстевски (Вардар), Славе Маркоски (Охрид Лихнидос), Алтрим Јакупи (Шкендија);

Среден ред: Хамза Рамани (Велазерими), Иван Николов (Академија Пандев), Сава Аврамовски (ОФК Београд), Димитар Тодоровски (Работнички), Филип Андоновски (Вардар), Бехар Фета (Шкендија), Леонид Игњатов (Хајдук, Хрватска);

Напад: Методи Максимов (Работнички), Лука Станковски (Работнички), Арда Окан Курт (Фенербахче, Турција), Азер Омерагиќ (Хајдук, Хрватска), Луан Абази (Ст. Гален, Швајцарија).

Се вчитува...