Решението за спас на Шалке се наоѓа на „Енфилд“?

Великанот на германскиот фудбал, Шалке ја игра една од своите најлоши сезони во историјата. Тимот од Гелзекирхен се наоѓа на дното на Бундеслигата без победа, со четири нерешени средби и девет порази, а притоа „рударите“ имаат примено 36 гола, а постигнато само осум.

Промени на „Велтинс Арената“ се повеќе од потребни, а решението за спас на сезоната германскиот состав го гледа во белгискиот напаѓач од редовите на Ливерпул, Дивок Ориги. „Талисманот“ на Клоп бележи скромна минутажа оваа сезона и неговото заминување од „Етихад“ е се поизвесно.

Англискиот состав ќе го искористи 25-годишниот напаѓач како адут во размена за турскиот дефанзивец Озан Кабак кој привлече големо внимание од европските великани. За неговиот потпис се заинтереснирани двата клуба од Манчестер, Милан и Рома па ќе биде интересно да видиме каде ќе заврши 20-годишниот Турчин.

Се вчитува...