Ретро-стил: Новиот дрес на Барса е како во 1920 година (ФОТО)

Последниот дизајн на дресот на Барселона со сино-црвени коцки не наиде на одобрување меѓу навивачите, а намалувањето на продажбата придонесе експресно да се размислува за промена на стилот. Каталонските медиуми објавија дека веќе е одреден дизајнот за наредната сезона, кој ќе биде сосема поразличен од актуелниот, но и од дресовите што Барса ги носеше во последните сезони.

Станува збор за дрес со вертикални линии во сина и црвена боја, на чии рабови има жолти линии. Исто така, жолтата боја е изразена и на рабовите од ракавите на дресовите, кои ќе бидат прва комбинација на Барса за наредната сезона

Дизајнот е инспириран од дресовите што фудбалерите на каталонскиот гигант ги носеле во далечната 1920 година, а желбата е јасна – Барса сто години подоцна да настапува во дресови во ретро-стил.

Сел од фановите посочуваат дека овој дрес многу потсетува на оној на романска Стеауа или пак на швајцарски Базел, но првичните реакции севкупно се позитивни – барем во споредба со сегашната опрема на Барселона која воопшто не е омилена меѓу навивачите.

Се вчитува...