Ревија голови во Бриж, реми меѓу Ница и Ајакс

Клуб Бриж и Башакшехир го одиграа најефикасниот натпревар во денешната програма од квалификациите во Лигата на шампионите, ремизирајќи 3-3. Клуб Бриж поведе со 2-0, со головите на Бонавентуре и на Денсвил, но потоа следеа три гола на гостите. Два постигна Мосоро, а прецизен беше и Елија. Сепак, Денсвил со својот втор гол донесе израмнување и ги зголеми шансите на Клуб Бриж за пласман во следната рунда.

На Азурната Обала, Ница и Ајакс одиграа 1-1. Марио Балотели донесе предност за францускиот тим, но Дони ван де Бик го израмни резултатот. Марибор славеше со 1-0 на домашен терен против Хафнарфјордур со голот на Тавареш, а Селтик и Розенборг одиграа без голови. Хапоел Бер Шева со 2-0 го совлада Лудогорец, а Виторул со 1-0 го победи АПОЕЛ.

Се вчитува...