Револт од ОК Вардар: ОФМ не изрекетира, финансискиот извештај е паушален, да се одложи собранието

Одбојкарската федерација на Македонија одржува Изборно собрание. Во трка се двајца кандидати. Долгогодишниот претседател, Петар Јовановски и поранешниот репрезентативец, Јовица Симовски. На собранието кое е во тек, најголем критичар на работата на федерацијата е претставникот на ОК Вардар, Влатко Серафимов чиј клуб и го номинираше Симовски за претседателски кандидат. Тој имаше забелешки за комплетната работа на ОФМ.

„Одбојкарската федерација ни дава извештај за работата во четири години од 2015 до 2019 година на две страни, а во него за клупската одбојка има само една реченица. Деновиве пред собранието ги изложивте клубовите на невидена тортура што на луѓето им се згади од одбојката. Не изрекетиравте за еден ден да платиме 600.000 денари за еден ден. Дали сите клубови имаат расчистени односи кон федерацијата. Ние две години бараме финансиски извештаи. Ви фали еден милион денари во извештајот. Имате разлики во извештајот што ни го доставивте нас и тој во Централен регистар“ – рече Серафимов.

Вардар имаше сериозни забелешки и за финансискиот извештај на федерацијата кој клубовите го добиле доцна ноќеска. Претставникот на Вардар, реагираше на нејаснотиите во финансискиот извештај особено околу исплатените плати. Вардар го номинираше Јовица Симовски за противкандидат на актуелниот претседател, Петар Јовановски.

Се вчитува...