Револуција во Њукасл: Алегри на клупата, Икарди во нападот?

Англискиот премиерлигаш Њукасл би можел да се извлече од кризата со продажба на клубот на нов сопственик. Сегашниот газда Мајк Ешли е во завршни преговори со шеикот Калед бин Зајед ал Нехајан да го продаде мнозинскиот пакет акции на Њукасл за 350 милиони фунти, а новиот сопственик веднаш би инвестирал и во обнова на тимот.

Шеикот од Абу Даби планира вистинска револуција на „Сент Џејмс Парк“. На кормилото е подготвен да го доведе Масимилијано Алегри, познатиот италијански стратег кој чека нова можност откако замина од клупата на Јувентус. Тој би добил уште 250 милиони фунти за засилувања, а едно од нив би можел да биде и Мауро Икарди, аргентинскиот интернационалец кој според најновиот развој на настаните ќе го напушти и ПСЖ. Интер сака да го продаде Икарди, кој беше на позајмица во Пари Сен Жермен, а Масимилијано Алегри одлично ги познава неговите квалитети од настапите во Серија А.

Интересно е дека шеикот Калед бин Зајед ал Нехајан речиси две децении се обидува да купи клуб во Премиер – лигата. Претходно имаше понуди до Челси во 2003 година (140 милиони фунти), Манчестер Сити во 2008 година (210 милиони фунти) и до Ливерпул во 2010 година (280 милиони фунти).

Се вчитува...