Резервите на Реал Мадрид броеја до четири во Гранада

Серијата добри игри на Реал Мадрид во Ла Лига продолжи со денешното гостување во Гранада, каде „кралевите“ со доминантно издание стигнаа до триумф од 0-4. Карло Анчелоти го одмори речиси целиот прв тим во однос на реваншот од ЛШ со Баерн Минхен, но тоа не се одрази врз играта, Реал доминираше на теренот, знаеше како да ги искористи своите шанси и заслужено стигна до победата.

Победникот беше решен во завршницата од првото полувреме, кога најпрвин левиот бек Фран Гарсија го отвори резултатот, а набрзо потоа Реал зголеми на 0-2 со новиот погодок на Арда Ѓулер, кој максимално ја користи минутажата што ја добива од Анчелоти.

Во второто полувреме на сцена стапи Брахим Дијаз, екс-фудбалерот на Милан стрелаше прецизно во 49. и во 59. минута запечатувајќи ја убедливата победа на Реал Мадрид на ова гостување против ривал што веќе ги загуби сите шанси за опстанок во елитното друштво.

Се вчитува...