РФМ: Цела група A од Супер-лигата, 15 дена во мирување

Целокупното натпреварување во групата А од ракометната Супер-лига е ставено во мирување во следните 15 дена, откако екипата на КЛ7 утрово објави дека дури 16 членови на овој клуб се позитивни на Covid-19.

Скопскиот клуб во изминатите седум дена одигра два натпревари, против Охрид и против Радовиш, а со оглед на фактот дека симптомите се појавиле веднаш по понеделничкиот дуел со Радовиш, сега постои сериозна опасност за позитивни случаи и во овој клуб.

Поради ова, челниците на РФМ донесоа одлука во следните 15 дена да не се играат натпревари од оваа група, а по изминувањето на овој период повторно ќе биде организиран скрининг на сите екипи од групата А, пред продолжението на сезоната.

Се вчитува...