Рибас: Македонија со Пандев, Барди, Несторовски, Тричковски е прв фаворит за освојување на групата

ЕКИПА во Гибралтар,

Владимир Булатовиќ

Селекторот на Гибралтар, Хулио Цезар Рибас сосема очекувано ја потенцира фаворитската улога на Македонија пред утрешниот натпревар од Лигата на нациите, но како што вели за него е најважно Гибралтар вистински да ужива во оваа историска средба.

„Ова е важен меч за нас затоа што е прв историски натпревар на домашен терен, во својата земја. Сакаме да создадеме позитивни вибрации меѓу нашиот тим и публиката која ќе дојде на овој историски натпревар, и да уживаме во него. Јасно е дека сме аутсајдери но убавината е во тоа што не чувствуваме никаков притисок. Ова натпреварување е важно за нас и за убаво едно претставување пред Европа“ – истaкна Уругваецот Рибас на денешната прес-конференција, притоа дополнувајќи:

„Македонија е прв фаворит и за освојување на првото место во групата од Лигата на нациите. Знаеме дека е одличен тим со комбинација на искусни и млади фудбалери. Сите во фудбалска Европа ги знаат Пандев, или Барди од Шпанија, или Несторовски, Тричковски, Трајковски, Алиоски… Се се тоа одлични фудбалери кои играат во шампионати како Италија, Шпанија, Англија. Тоа се кажува. Но, ние ќе уживаме во овој натпревар и секако ќе се обидеме комплетно да се надигруваме“.

Се вчитува...