Рибера: Ако играме како досега, со Македонија ќе биде повеќе од тешко

Шпанскиот селектор Жорди Рибера повикува на претпазливост пред утрешниот натпревар со Македонија во четвртото коло на Светското првенство 2019 во Германија и во Данска.

Рибера вели дека не е задоволен од начинот како одиграла неговата селекција во досегашниот тек од шампионатот, потенцирајќи дека тоа ниво нема да биде доволно за да се победи Македонија.

„Македонија е навистина незгодна репрезентација која добро игра ‘седум на шест’. Тоа може да биде незгодно за нашата репрезентација, посебно ако играме на нивото на претходните натпревари. Не сум задоволен. Факт е дека ќе мора многу нешта да се подобрат, посебно во одбраната. Триумфот на утрешниот натпревар ни е многу важен“ – вели Рибера.

Се вчитува...