Рибера: Ќе водиме „војна“ против Македонија

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева, Игор Паневски

Шпанија е следниот противник на македонската ракометна репрезентација, в недела со почеток во 20.30 часот во Вараждин, на отворањето на втората фаза од Европското првенство, која нашите ракометари ја почнуваат од самиот врв на табелата со три пренесени бода. „Црвената фурија“ загуби од Данска во својата група, но селекторот Жорди Рибера вели дека тоа може да биде пресвртница за понатамошен успешен настап на неговата селекција. Порачува дека в недела ќе се води вистинска „војна“, на дуелот против Македонија.

„Понекогаш поразот носи пресвртница, и верувам дека ќе одговориме на вистински начин на следните натпревари од втората фаза. Секој меч сега ќе биде „војна“ и стартуваме веќе в недела со Македонија. Имаме три дена добро да се одмориме и да анализираме, а потоа ќе мора да го дадеме најдоброто од себе. Ќе треба сигурно да ја подобриме играта во одбрана, затоа што тоа ќе биде клучно на следните дуели“, изјави Рибера.

Се вчитува...