Ракометарите на Висла Плоцк имаат една победа (над Мелсунген на домашен терен) и еден пораз (на гостувањето во Нант), па полскиот гигант мора да оди по цел плен на утрешното гостување против Вардар доколку сака да се вмеша во трката за првото место во групата.
Сепак, сите во таборот на Висла се свесни дека задачата е исклучително тешка бидејќи атмосфера како во Скопје нема никаде на друго место во ракометна Европа.
„Знаеме дека ќе биде тежок натпревар. На сите им е јасно колку е тешко да се отиде во Скопје и да се победи таму, во таа неверојатна атмосфера. Во последните две години тимот на Вардар е се подобар и подобар, натпреварот е многу важен и за двата тима и нивните шанси во продолжението од Лигата на Шампионите. Ние сма максимално мотивирани, скааме да победиме, сигурно ќе биде одличен ракометен натпревар“, истакнува Мелвин Ричардсон во пресрет на доаѓањето во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
