По победа на Тотенхем над Евертон сите очи на беа вперени кон Ричарлисон и неговата повреда, кој беше принуден да го напушти теренот во 52. минута поради болките кои ги чувствуваше во потколеницата.
Бразилецот по натпреварот се појави пред новинарите со патерица и беше разочаран бидејќи му е јасно што се случи.
„Тешко ми е да кажам било што … Сето ова е премногу блиску до исполнување на мојот сон да играм на Светското првенство. И претходно имав слична повреда и се надевам дека ќе биде санирана што е можно поскоро. Истото ми се случи минатиот пат кога играв за Евертон, а потоа бев надвор од терените два месеци. Тешко е да се каже нешто во овој момент“, рече Ричарлисон.
Бразил првиот натпревар на Мундијалот ќе го одигра на 24 ноември против селекцијата на Србија.
FORÇA, POMBO! 🙏😢#PremierLeagueNaESPN #FutebolNaESPN pic.twitter.com/lVKH8Jv1fk
— ESPN Brasil (@ESPNBrasil) October 16, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА