Матеј Гаштаров има зад себе фантастични два месеци во кои млсдиот фудбалер најпрвин се избори за првотимски статус во Црвена Звезда, а пред десетина дена имаше и свое деби за сениорската репрезентација на Македонија.
Комплименти за формата и за квалитетите на младиот Македонец доаѓаат од сите страни, но тренерот на Црвена Звезда, Алберт Риера, отворено проговори за стравувањата од посериозна повреда на нашиот репрезентативец.
„Видете го примерот со Гаштаров, тоа не е нормално. Зборуваме за момче кое до пред два месеца воопшто не играше сениорски фудбал, а тогаш… од 30 август до 30 септември одигра 10 натпревари во еден месец, по 90 минути. Тоа е премногу. Потоа се прашуваме зошто доаѓа до тешки повреди. Невозможно е телото и нозете да го издржат таквиот стрес и толкав интензитет на највисоко ниво“, истакна Риера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
