Ријека ремизираше со ПАОК во Солун – Велковски на клупа, убедлив пораз на Фазлагиќ и Жилина (ВИДЕО)

Хрватска Ријека пропушти можност за триумф на гостувањето против ПАОК во Солун во првиот натпревар од плеј-оф рундата за групите во Конференциската лига.

Ријека имаше предност од 0-1 до 94. минута кога ПАОК успеа да стигне до конечни 1-1, откако Хрватите поведоа со голот на Лепињица во 33. минута.

 

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски остана само на клупата за резервни фудбалери на Ријека.

Словачка Жилина на Фазлагиќ, пак, загуби со убедливи 5-1 од чешки Јаблонец. Фазлагиќ го одигра целиот натпревар за Жилина.

Се вчитува...