Милан останува во игра во трката за скудетото откако „росонерите“ славеа на „жешкиот терен“ во Рим против Рома со 1-2, намалувајќи ја негативата во однос на Интер на четири бода.
Иако во последно време не играат во својата препознатлива форма, избраниците на Пиоли сепак успеаја да стигнат до посакуваните три бода. Милан имаше два праведно поништени гола во првите десетина минути, по што Кјаер ја погоди гредата од голот на Рома. Резултатот беше отворен пред самиот крај на полувремето, кога Кеси со прецизно изведен пенал ги доведе „росонерите“ во водство.
Верету со прекрасен удар од работ на шеснаесетникот израмни на 1-1, резултат при кој Пиоли реши да го повлече од игра индиспонираниот Ибрахимовиќ. Само две минути подоцна Милан го постигна победничкиот погодок, Ребиќ беше стрелецот откако по извонредниот прием и контрола Хрватот со прецизен удар од петнаесетина метри го матираше домашниот голман.
Рома имаше три убави шанси за израмнување, но Мхитаријан не успеа да го најде патот до мрежата на Донарума, а мора да се истакне и сомнителната судиска одлука кога во ситуација кога римјаните бараа пенал главниот арбитар досуди чуден прекршок од Мхитаријан врз Тео Хернандез.
#RomaMilan
Rome [1] x 1 Milan – GOAL! Veretout ???pic.twitter.com/gbCnOvJYaB— #FastGoal (@Fastgoal2) February 28, 2021
Roma 1 x [2] Milan – GOAL! Rebic ?pic.twitter.com/eVMSVrGsbm
— #FastGoal (@Fastgoal2) February 28, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА