Рио Фердинанд: Битката со алкохолот, депресијата и смртта на сопругата

Рио Фердинанд е едно најпрепознатливите лица на англискиот фудбал. Работното место како ТВ аналитичар по завршувањето на активната кариера повторно го поставува во првата линија на медиумскиот интерес. Фердинанд кој имаше успешна кариера во Манчестер Јунајтед и во англиската репрезентација има трагична интимна приказна бидејќи ја загуби сопругата Ребека. На 36 години остана само со трите дечиња, набрзо го остави и фудбалот.

„Во периодот во Вест Хем многу пиев. Тоа таму е таква култура. По натпреварите многу пиевме. Од тој период има буквално „црни дупки“. Не паметам резултати“ – раскажува Фердинанд во интимната исповед за неговиот живот.

Проблемите со алкохолот се вратиле во 2015 кога сопругата Ребека почина. Таа во само 10 месеци ја загуби битката со карциномот на дојката.

„По нејзината смрт пиев многу навечер откако ќе си легнеа децата. Еден ден се разбудив и не бев во состојба да ги одведам на училиште. Дури имав и сообраќајна несреќа. Тогаш сфатив дека не може да се продолжи така. Имав панични напади“ – раскажува Рио.

Откако останал сам со децата се соочил со секојдневието кое претходно го покривала сопругата.

„Не знаев како да ги однесам на вакцина. Сето тоа го правеше Ребека. Не знаев како да ги однесам на доктор. Единствениот доктор што го имав сретнато беше тој во клубот. Но, сега се е поинаку. Ги научив работите. Постојано се занимавам со прашање од типот: Каде ги остави чевлите? Каде ти се алиштата?“

 

 

Се вчитува...