Легендарниот фудбалер Рио Фердинанд, добро познат по настапите за Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација се одлучи да ја напушти Велика Британија и да се пресели во Дубаи заедно со семејството.
Како што вели самиот, причината не е финансиска со оглед на големиот данок во Англија, туку системот во Англија кој полека се распаѓа.
„Кога работите како здравствените служби и слично ќе функционираат тогаш на луѓето не би им сметало да плаќаат данок. Но, кога работите се распаѓаат, одат во надолна линија, седите таму и се прашувате дали данокот кој го плаќате се вложува за луѓето кои живеат таму. Тоа е големо прашање на кое треба да му се даде одговор, а мислам дека многумина од нас го знаат одговорот на тоа“, изјави Фердинанд.
Фердинанд ја напушти и улогата на стручен коментатор на „ТНТ Спорт“ со цел да одвои поголемо време за семејството.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

