Рио Фердинанд: Треба на Роналдо да му се каже дека Португалија има шанса да го освои првенството за него

Рио Фердинанд, поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, и поранешен соиграч на Кристијано Роналдо, го сподели своето мислење околу ситуацијата во Португалија и играњето на капитенот на Светското првенство 2026 година.

Поранешниот репрезентативец смета дека Роналдо треба да влегува во вториот дел кога противникот е уморен, и дека Португалија има шанси да го освои Светското првенство.

„Робарто Мартинез плати висока цена за одлуката да го стартува Роналдо. Клучот ќе биде како ќе се справи со тоа. Ако се обиде да го извади, тогаш се е во врска на создавање на атмосфера. Главната работа е што треба да му се каже дека Португалија може да го освои Мундијалот за него. Тој треба да биде на терен 30 минути пред крајот на мечот, кога противникот е уморен. Противниците го гледаат како се загрева, а потоа влегува и го користи тоа кон крајот на играта. Мислите дека некому му е гајле кој ќе го подигне трофејот како капитен? Не. Ќе биде стартер на некои мечеви, на некои не. Но, тоа е планот. Има 41 година, и сигурен сум дека и самиот Роналдо го разбира тоа. Нема сомневање за потенцијалот. Кристијано е секогаш некого кого би посакале во својот тим“, изјави Фердинанд.

Се вчитува...