Ришарлисон: Добар е Ван Дајк, но веднаш можам да ви набројам тројца подобри

Фудбалерот на Евертон, Ришарлисон тврди дека во моментов во светот постојат тројца подобри дефанзивци од Вирџил ван Дајк. Иако Ван Дајк играше клучна улога во трофејот во Лигата на шампионите минатата сезона и одличната „кампања“ сезонава во Премиер-лигата, Ришарлисон не го смета за дефанзивец кој отскокнува од другите.

„Луѓето многу зборуваат за него. Да, тој е добар дефанзивец, но јас веќе го издриблав… Беше меѓу тројцата најдобри фудбалери во свет, но јас можам веднаш да ви набројам тројца подобри. Тоа се Тијаго Силва, Маркињос и Серхио Рамос“, изјави Ришарлисон. 

Градското дерби ќе се одигра во недела во 20 часот, а доколку Ливерпул успее да триумфира на мечот „црвените“ ќе бидат на само една победа од освојување на трофејот во Премиер-лигата по пауза од 30 години.

Се вчитува...