Ришарлисон кон легендата на Ливерпул: Затни ја муцката…

Евертон се избори за уште една сезона во Премиерлигата откако на вчерашниот натпревар против Кристал Палас стигна до победа по целосен пресврт. „Карамелите“ имаа негатива од 0-2 на полувремето, но успеаја да постигнат три гола во второто полувреме за огромни три бода.

Еден од оние кои постигна гол за Евертон беше Ришарлисон кој во 75. минута ја затресе мрежата за изедначување, а темпераментниот Бразилец по натпреварот не ја испушти можноста да му одговори на легендата на Ливерпул, Џејми Карагер кој го нарече актер кој постојано глуми прекршоци.

„Затни ја муцката и не збори за мене или Евертон. Не те почитувам“, напиша Ришарлисон на својот Твитер профил.

Се вчитува...