Напаѓачот на Тотенхем, Ришарлисон откри дека ќе оди на операција поради долгорочен здравствен проблем. На бразилскиот фудбалер ќе му биде извршена интервенција на карличната коска, која го мачи веќе подолго време.
Ова ќе биде уште еден хендикеп за Тотенхем, кој претходно остана и без Мики ван де Вен и Џејмс Медисон кои се повредија на дербито со Челси, а претходно поради повреди ги нема и Иван Перишиќ, Манор Соломон, Рајан Сесењон и Бен Дејвис.
„Време е за одмор. Последните неколку месеци не ми беа лесни. Имав проблеми. Веќе разговарав со лекарите и наскоро ќе биде опериран“, рече 26-годишниот напаѓач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА