Разделбата на Ришарлисон од Тотенхем станува грда откако Бразилецот се закани со тужба доколку лодонскиот клуб не се согласи да му го раскине договорот што истекува на крајот од сезонава.
Голгетерот беше поврзуван со Евертон и со Трабзон кон крајот на август, но ниту еден од овие трансфери не се реализираше и тој мораше да остане во Тотенхем иако Де Зерби јасно стави до знаење дека не смета сериозно на неговите услуги.
Тој воопшто не тренира со првиот тим на „спарси“, а конфликтот влезе во нова епизода откако Васко да Гама покажа интерес да го врати Бразилецот назад во татковината. Проблемот е што бразилскиот клуб не сака да плати отштета, што беше причина за Ришарлисон да поднесе барање за раскин на договорот.
Истиот беше одбиен од страна на Тотенхем, лондонскиот клуб смета дека заслужува отштета за последните девет месеци од договорот што голгетерот го има со нив. Следеше закана за тужба од самиот фудбалер, јасно е дека страстите зовриваат во сосема погрешен правец, па ќе биде интересно да се види дали ќе може да биде најден заеднички јазик, за Ришарлисон да си замине и да сврти нов лист во кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
