Ристо Николов: Против Словенците секогаш играме добро

ЕКИПА во Љубљана,

Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски

Македонската одбојкарска репрезентација денеска против ко-домаќинот Словенија ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза на Европското првнество. Мотивирани по тирумфот над Белорусија,македонските одбојкари ветуваат добро издание и против фаворизираниот противник.

„Очекувам само добар натпревар, никогаш не сме играле лошо против нив, имаме и една победа, со нив играме одлично, сигурен сум дека ќе има квалитетна одбојка“ – вели Ристо Николов.

Македонските одбојкари бркаат победа или минимален пораз во дуелот со Словенците за да можат да прават калкулации околу палсманот во осминафиналето додека домаќинот ја брка четвртата победа за да го задржи 100 процентниот ефект и утре во дербито да се бори со Русија за првото место во групата.

Се вчитува...