Ристовски го доби признанието за најдобар стрелец во јуниорската лига на Хрватска

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Милан Ристовски го доби признанието за најдобар стрелец во јуниорската лига на Хрватска за сезоната 2017/2018.

Ристовски, кој е член на Ријека, со 17 погодоци за младинскиот тим во минатата сезона ја доби наградата „Златна копачка“ во јуниорскиот хрватски шампионат.

Милан Ристовски во моментов настапува за словенечки Кршко, како позајмен фудбалер од Ријека.

Се вчитува...