Ристовски: Го добивме Гибралтар, сега не чека важен меч со Ерменија

ЕКИПА во Гибралтар,

Владимир Булатовиќ

Победа, и сочувани сили за Ерменија. Македонската фудбалска репрезентација успешно го стартуваше проектот „Лига на нации“, го победи Гибралтар со 0-2, а Стефан Ристовски вели дека дел од силите се сочуваа за следниот важен натпревар против Ерменија, в недела во Скопје.

„Не е лесно кога имате фаворитска улога против ваков тип на селекции, но ние го реализиравме тоа што планиравме. Во првиот дел постигнавме два гола, а потоа само рутински ја чувавме победата притоа со желба да се зачуваат и дел од силите за Ерменија. Дојдовме до победата, а сега не чека важен меч против Ерменија“, изјави Стефан Ристовски.

Се вчитува...