Ристовски херој – Нитра и следната сезона во Првата словачка лига

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Милан Ристовски повторно беше стрелец за Нитра на која и помогна од обезбеди опстанок во Првата лига на Словачка. Ристовски стрелаше во 20. минута од пенал со што го постигна 12. погодок сезонава за водство од 2-0. На крајот реванш натпреварот од баражот за опстанок заврши 3-0, а Нитра и следната сезона ќе игра во елитата.

Тој во Нитра е на позајмица од Риека каде замина во 2016 година. Претходно, во кариерата настапуваше за Кршко.

 

Се вчитува...