Ристовски: Нема клучен натпревар, мора постојано да ја бараме шансата

ЕКИПА во Минхен,

Стеван Цаневски

Македонската ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во прелиминарната групна фаза на Светското првенство. Хрватска го запре македонскиот состав во дуелот од третото коло го доби и четвртиот меѓусебен дуел на големите натпреварувања.

„На Хрватите им се вклопија сите коцки, промашивме зицери кои обично не ги промашувме. Нема многу што да се објаснува, Хрватска е поквалитетна од нас и го покажа тоа. Одиме натаму со главата горе и по место во втората фаза. Тактиката „седум на шест“ е решение на селекторот. Раул мисли дека така ќе добиеме натпреварот, вистина е дека создадовме многу шанси, но промашвме многу зицери. Во тактичките намудрувања Раул реши да го користиме нападот, но овде се работи за Хрватска која користеше се“ – вели голманот Борко Ристовски по натпреварот со Хрватска.

Првиот чувар на нашата мрежа не смета дека дуелот со Исланд во последното коло е клучен. Сепак за тоа како ќе ги одиграме следните два дуела остава на одлуката на селекторот Гонзалес.

„Нема клучен натпревар, од стартот против Јапонија, сите се клучни, мораме да ја бараме шансата, селекторот ќе одлучи. Од него зависи, дали ќе нападнеме или ќе се чуваме за крај“ – вели Ристовски.

Се вчитува...