Ристовски со „десетка“ во словачкото првенство

Милан Ристовски продолжи во одличен голгетерски ритам во дресот на Нитра, помагајќи му на својот тим да стигне до значајни три бода на мечот против Сеница (2-0). За Ристовски ова беше десетти овосезонски погодок, со што Македонецот е најдобар стрелец во својот тим.

Македонскиот напаѓач одлично се снајде пред крајот на мечот и со прецизен удар со глава ја затресе мрежата на Сеница, осигурувајќи го триумфот на Нитра. Со оваа победа тимот на Ристовски си ги зголеми шансите во борбата за опстанок, со оглед на фаактот дека Нитра моментно е претпоследна на табелата во плејаут-лигата и доколку не скокне барем за едно место ќе мора да игра бараж за и во следната сезона да биде дел од елитното словачко фудбалско друштво.

Се вчитува...