Ристовски со солзи во очите: Го допрев и дното, но се искачив и на врвот наречен Европско (ВИДЕО)

Еден од најголемите борци во репрезентативниот дрес Стефан Ристовски емотивно за пласманот на европското првенство. Тој вели дека со репрезентацијата буквално има поминато се. Бил и на дното, но го искачи и врвот и затоа секогаш ќе биде горд на овој успех.

„Бев заменет пет минути пред крајот на мечот. Знам судијата даде четири минути продолжение и во тој момент си помислив дали е ова реално. Кога свирна крај истрчав право кај Горан, таа прегратка ја споделив со него прв. Имам црни точки на кои не се сеќавам од прославата. Измешани емоции. Дали да плачеш дали да се радуваш. Јас сум тука од првиот ден со селекторот Игор Ангеловски. Тука го допрев и дното, но и се искачи на врвот. Мило ми е за сите и за Горан и за селекторот. Создаде една хемија верба во нас. Ова го говорам од срце. Поминувавме низ тешки моменти, стадионот беше константно празен. Делење од фамилија, патување. Од надвор е лесно да коментираш, но кога си внатре навистина е тешко, но ете успеавме. Успеавме и мислам дека ќе бидам горд до крајот на животот. Полно ми е срцето и можам да кажам дека сум горд Македонец“, изјави Ристовски. 

 

Се вчитува...