Ривалдо: Интер нема пари да го плати Меси, а и да има Меси никогаш не би отишол таму

За разлика од поранешниот прв човек на Интер, Масимо Морати, бразилската фудбалска легенда Ривалдо смета дека Интер нема пари да го доведе Лионел Меси во своите редови.

„Поранешниот претседател Морати изјави дека Меси би можел да дојде во клубот, но јас не верувам во тоа. Мислам дека нема да ја напушти Барселона“ – вели Ривалдо и дополнува:

„Мислам дека Интер нема доволно пари да го плати Меси, а и да има не верувам дека тоа би го интересирало. Знам од претходно дека Меси не сака да игра во Италија. Ако веќе заминува од Барселона тогаш би можел да потпише за некој кинески клуб или кариерата да ја заврши во МЛС лигата“.

Се вчитува...