Ривалдо ја предупредува Барселона – Меси нема да трае уште долго

Легендарниот бразилски фудбалер Ривалдо ја коментираше ситуацијата во Барселона пред вечерашното Ел класико. Бразилецот е свесен за значењето на Лионел Меси во каталонскиот клуб.

„Меси нема да трае засекогаш. Се уште е ефикасен, постигнува полно голови, меѓутоа со обѕир на неговите години Барселона мора да се подготви за тоа што доаѓа“, изјави Ривалдо. 

Ривалдо во Барселона помина пет години во кои на 157 натпревари постигна 86 гола, а со Каталонците два пати ја освои Ла лига и по еднаш Копа дел Реј и УЕФА суперкупот.

Се вчитува...