Ривалдо: Меси со право се лути на наивниот Абидал

Легендарниот фудбалер на Барселона, Ривалдо смета дека Лионел Меси е потполно во право кога се лути на спортскиот директор на клубот, Ерик Абидал.

Абидал за каталонски „Спорт“ изјави дека пооделни фудбалери се заслужни за отказот на Ернесто Валверде, но што Аргентинецот одговори со невообичаен пост на Инстаграм, по што почнаа несогласувањата меѓу двајцата.

„Реакцијата на Меси ми се чини нормална. Има целосно право да се лути на Абидал поради начинот на кој Ерик се жали на професионализмот на пооделни играчи на тренинг, посебно затоа што не спомна конкретни имиња и сега целата екипа е под сомнеж. Тешко е да се зборува за оваа ситуација од страна, но факт е дека Меси се обиде да се одбрани и себе и соиграчите, да ја зачува репутацијата и истовремено да дознае на кого мислел Абидал“ – вели Ривалдо, и дополнува:

„Абидал погреши, наивно истакнувајќи такво нешто во интервју. Такви проблеми мораше да бидат решени интерно. Не го направи тоа намерно, но го повреди клубот. Сега е јасно дека Ернесто Валверде не беше најголем проблем и губитник. Меси и Абидал би требало да седнат и меѓу себе да го решат проблемот како луѓе“.

Се вчитува...