Ривалите од Манчестер влегуваат во трка за Хари Мегваер

Градските ривали Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити влегуваат во трка за потписот на еден од најдобрите одбранбени фудбалери во светот, Хери Мегваер. Манчестерските ривали се подготвени да го срушат рекордот за најскапо платен одбранбен фудбалер во светот кој во моментов го држи Ливерпул, кој го потпиша Вирџил ван Дајк за 75 милиони фунти.

Манчестер Јунајтед имаше проблеми со одбраната минатата сезона во кој за првпат во една сезона прими повеќе од 50 гола во Премиер-лигата, додека Пеп Гвардиола бара замена за капитенот на тимот Винсент Компани, кој по освојувањето на тројната круна заминува од Манчестер Сити.

Хари Мегваер според статистичките податоци мината сезона е најдобар одбранбен фудбалер со 78 отсто добиено дуели. Колку за споредба минатата сезона Мегваер имаше 56 успешни додавања, 14 повеќе од сите централни бекови на Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...