Риверс: Искрено сакав Ембид да е МВП, но да не се лажеме Јокиќ го заслужи тоа

Тренерот на Филаделфија, Док Риверс говореше околу изборот на Никола Јокиќ за најкорисен кошаркар во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата. Покрај Јокиќ во изборот беа и Џоел Ембид токму од Филаделфија и Стеф Кари од Голден Стејт Вориорс.

„Имаше неколку озбилни кандидати, но сите знаевме дека борбата е меѓу Џоел Ембид и Никола Јокиќ. Кари беше неверојатен на крајот на сезоната, но неговиот тим не обезбеди плеј-оф. Искрено сакав Ембид да биде МВП, но да не се лажеме Јокиќ го заслужи тоа. Ги одигра сите мечеви од регуларниот дел на сезоната, но и Ембид да немаше проблеми со повреди мислам дека признанието секако го заслужи Јокиќ“, изјави Риверс. 

Се вчитува...