Емилијана Ризоска беше прв избор на селекторот на позицијата лево крило и одлично се снајде во улогата, постигнувајќи важни погодоци во првото полувреме кога Македонија се одлепи и си го трасираше патот до победата.
Таа не го криеше задоволството од вчерашниот триумф, со кој се крева оптимизмот во нашиот табор во пресрет на следните предизвици – денешниот меч со Црна Гора и оној утрешниот против репрезентацијата на Хрватска.
„Сакам да им се заблагодарам на противникот за фер и коректниот натпревар, а на мојата екипа да ѝ честитам за победата. Одигравме според договореното, се што ни беше зададено како задача од страна на селекторот го реализиравме. Со новиот селектор имавме само три тренинзи и разработуваме нов систем, но мислам дека добро се подготвивме за овој натпревар. Најголем акцент ставивме на одбраната, бевме борбени, агресивни и се бодревме и мислам дека таа задача одлично ја завршивме. Сите сакаме да се покажеме во најдобро светло, затоа што веќе сме во фаза на подготовки за Европското првенство, а зошто и да не го освоиме овој турнир“, истакна Ема Ризоска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
