РК Алкалоид доминантно без пораз го подигна шампионскиот пехар (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометниот клуб Алкалоид го доби шампионскиот пехар како првопласиран во шампионатот, и од идната сезона ќе игра во Суперлигата. Алкалоид доминатно со 27 победи и само еден нерешен резултат, го освои првото место на табелата во дебитантската сезона.

Денеска во последното коло, Алкалоид убедливо го совлада тимот на Младост со 39-19.

На крајот од мечот претседателот на РФМ, Живко Мукаетов го предаде победничкиот пехар на капитенот на Алкалоид.

„Денеска испишавме историја! Нашата прва сезона ја завршивме со медал и шампионски пехар. Следната сезона сме дел од Суперлигата!“, се вели во објавата на РК Алкалоид.

Се вчитува...